Пасивна перифрастична конјугација

       Пасивната перифрастична конјугација се прави со герундив и облиците од глаголот sum,esse,fui.Герундивот вака има предикатна употреба. 
     Се преведува со „треба“ и „мора“ а со негацијата „не треба“,„не смее“,„не може“. Подметот стои во номинатив и пасивната перифрастична конјугација се употребува безлично,а доколку е наведено лицето кое го врши дејството тогаш подметот,односно лицето кое го врши дејството стои во датив(dativus auctoris).
 Пр.:Patria amanda est.Татковината треба да се сака.
        De gustibus non est disputandum.За вкусовите не треба да се расправа.  

Civi patria amanda est.Граѓанинот треба да ја сака татковината.

Вежби од герунд и герундив

Преведи од латински на македонски:

  1. ad parandum
  2. spes relinquendi
  3. Id relinquendum nostris est.
  4. Causa defendendi
  5. cupidus currendi
  6. ad pugnandi
  7. pugnando
  8. "ars loquendi" non amittitur
  9. gratia navigandi celeriter
  10. Currendo, primo illuc perveniet

Пронајди го герундивот:

Pons nobis aedificandus melior est ad flumen transeundum.
Loquendi elegantia legendis oratoribus et poetis augetur.
Ceterum censeo Carthaginem delendam esse.


Замени го герундот со герундив:

Herodotus cognoscendi multas terras cupidus erat.
Peragrando terras multa discebat.
Describendo mores variorum populorum studebat.
In Aegiptum venit ad cognoscendum Aegyptios.
Ad defendendum patriam parati sumus.
Audiendo pulchram orationem delector.

  
корисни линкови:

http://quizlet.com/20336987/test
http://en.wikipedia.org/wiki/Gerundive 
http://en.wikipedia.org/wiki/Gerund


Герунд,герундив.Заменување на герундот со герундив.

Герундот е глаголска именка.Се гради од презентска основа на која се додаваат наставките -nd,односно -end за трета и четврта конјугација.

Пр.: cogito,1  cogitare   cogita-   cogitand-
        lego,3     legere       leg-        legend-

Глаголската именка нема номинатив,а ги има сако косите падежи во еднина(G.,D.,Abl.).Наместо номинатив се користи инфинитивот од глаголот од кој е изведена,акузативот оди само со предлог.

Пр.:sin.                           sin.
N.cogitare                N.legere
G.cogitandi               G.legendi
D.cogitanto               D.legendo
Acc.ad cogitandum   Acc.ad legendum
Abl.cogitando           Abl.legendo

Герундот се преведува со глаголска именка(-ње) или обична именка;акузативот може да се преведе со намерна(целна) реченица,а аблативот со глаголски прилог(-јќи).

Cupidus currendi. Желба за трчање.
ad pugnandi=да се бори
Hominis mens discendo alitur et cogitando.Човековиот ум се храни учејќи и осознавајќи.

Греундив е глаголска придавка,која има пасивно значење.Се гради од презентската основа на која ќе се додадат наставките: -ndus,-nda,-ndum и за глалолите од терта и четврта конјугација -endus,-enda,-endum.Се преведува со треба,а кога стои со негација не смее.

Пр.: amo,1   amare     ama-   amandus,amanda,amandum (треба да се сака)
        non amandus,non anmanda,non amandum(не смее да се сака)

Герундивит се употребува како атрибут,така што се согласува со именката по род,број и падеж.

Пр.: liber legendus=книга што треба да биде прочитана
        oppidum non delendum=град што не смее да биде разурнат

Заменување на герун со герундив


Кога герундот има покрај себе објект во акузатив се замнеува со герундив.При што:објектот го зема падежот на герундот,а герундот станува герундив и се согласува со именката по род,број и падеж.Герундивот сега има значење на герунд.


Пр.legendo libros delector=читајќи книга се насладувам
      legendis libris delector=читајќи книга се насладувам

Настанување и распространување на книгата-работа на учениците

Овде се изложени проектните работи на учениците од II-2 и од III година на тема:Настанување на книгата.
    Учениците работеа во групи и имаа за задача да се стават во дадена улога(новинари,кустоси,археолози и сл.) и да изработат проектна работа во форма на статија,брошура,извештај и сл. во зависност од улогата што ја избрале.






Од трета година:











Јас,  Драгана Спасова  ученичка во гимназијата  ,,Митко Пенџуклиски’’ - Кратово, на ваше барање извршив пронаоѓање на материјали за пишување  во минатото во Грција, Италија, Египет..


Пронајдени материјали за пишување:
-Во античка Грција и Италија се користеле листови од маслиново дрво за гласање. На маслиновите и ловоровите листови се запишувале и разни формули за гатање, но нивната големина не дозволува запишување на некој поголем текст.
-Посоодветен материјал за пишување било ликото (кората од дрвјата). Ликото е меко, има релативно поголема површина, мазно е и светло, а книгите од лико имале облик на свиток (rotulus). Особено погодно за пишување било ликото од стебло на липа (tilia).
-Глината била многу популарен материјал за пишување кај Асирците и Вавилонците. До денес се сочувани многубројни испишани плочи од глина и тоа не само од источните области и цивилизации туку и од грчко-римската цивилизација. Нив ги има во различни форми: ќерамиди, цигли, плочи, табли; се наоѓаат во речиси сите музеи во Европа во кои се чуваат археолошки артефакти. Тие се интересни поради морфолошките особености и поради разновидните содржини на текстовите испишани на нив - од најкуси гласачки изја-ви до разни документи.
-Како подлога за пишување во антиката служеле и ѕидовите. Натписите на ѕид се на-рекуваат графити и ги има со различна големина и со различна содржина, со карактерис-тични морфолошки особености. Тие се пишувани со јаглен или со боја и четка, но можат да се сретнат и такви кои се врежувани во ѕидот со остар прeдмет. Графити се најдени во Помпеи и во христијанските катакомби.
-Од металите за пишување се користеле: злато, сребро, олово и бронза. Златото и среброто се користеле во вид на тенки листови (плочки), на кои биле испишувани различ-ни текстови и формули, кои се носеле за заштита, т.е. служеле како амајлии.
-На бронза старите Грци и Римјани испишувале вотивни текстови, закони, договори и други документи.
-Дрвото се користело за пишување уште многу одамна. Тоа често било прекривано со некоја материја на која полесно се врежувал текстот, а се пишувало и на самото дрво со мастило или други пигментирачки материи.
-Уште во раната антика во Грција и Рим се користеле восочни таблички, т.е. таблич-ки прекриени со восок. Табличките биле направени од дрво, слонова коска, метал или ду-ри од кристал. По восокот се пишувало со писалка (stilus), која исто така била изработена од метал, дрво и сл. и од едната страна била зашилена и служела за пишување, а од другата страна била во вид на лопатче за рамнење на восокот, за да може повторно да се пишува на него. Мекоста на восокот овозможува побрзо пишување, а тоа довело до побрз развој на писмото. Восочните таблички биле застапени од Антиката па сé до XIX век. Во средниот век најмногу ги користела црквата. На нив биле запишувани: литургиски текстови, запове-ди, казни и сл. Восочните таблички можеле да бидат двојни, тројни или соста-вени од повеќе таблички.
-Папирус- материјал по потекло од Египет, во антиката бил единствениот вистински носител на класичната книжевност.  Се употребувал до XI век, кога конечно бил потиснат од пергаментот. Го добива името од растението папирус од кое што се прави.
-Пергамент се произведувал и се користел и пред Евмен II и на други места – како на пример во Египет, кај Евреите итн. Пергаментот можел да биде изработен од кожа на различни животни: кози, овци, телиња. Но најквалитетен, префинет и најскап бил пергаментот направен од кожа на штотуку родено, или, неродено јагне. Во Италија претежно се користел пергамент од јагнешка кожа, а во Германија, од телешка. Пергаментот најчесто се боел со пурпур, а поретко со шафран или црна боја. На пергамент се пишувало со трска или со перо од птица (calamus), а многу поретко со метално перо или тенка четкичка. Мастилото се изработувало по различни рецептури, а секоја скрипторија ја чувала тајната за начинот на изработка на своето мастило.
-Пронаоѓањето на хартијата е заслуга на Кинезите. Според некои историски извори овој значаен пронајдок датира околу 105-та година, а најстарите сочувани примероци потекнуваат од IV век.



Постанок и распространување на книгата   
Често ние луѓето знаеме со саати да се заборавиме читајки книги, велејки си само уште оваа страна и толку, меѓутоа никако да се разделиме од приказната во која толку многу сме се задлабочиле. Вистина е дека книгите ни ги разубавуваат деновите и секогаш многу сме им благодарни на писателите за прекрасните содржини што ни ги нудат, но дали вие драги читатели сте се запрашале од кога всушност потекнува книгата и како станала неопходна и светски распространета. Во истражувањето кое го направив ќе дознаете многу интересни податоци за вашатапријателка“. Пишувањето било измислено во древните цивилизации и било користено речиси сè што може да служи како подлога за пишување: камен, глинена плоча, кора од дрво и друго. Користење на азбуката се појавува во Египет пред околу 5000 години. Во тоа време најчесто се пишувало на папирус, растение кое растело покрај реката Нил. На почетокот зборовите биле слеани еден до друг (scriptura continua) и не постоеле интерпункциски знаци. Текстовите се запишувале од десно кон лево, од лево кон десно, а најчесто наизменично и во двата правца. Папирусот се користел за пишување во древен Египет, листовите од папирус биле залепени заедно во форма на свиток. Се користела и кора од липа. Свитоците биле често користена форма за книги во хеленската, латинската, кинеската и еврејската култура. За време на Римската империја е развиен нов формат на составување на книгите, познат како кодекс. Првата книга направена во форма на кодекс е од крајот на првиот век. Кодексот не се здобил со голема популарност во тоа време. Постепено бил прифаќан поради неколку економични причини. Форматот кодекс се восочни таблички на кои можело да се пишува, понекогаш дрвени таблички натопени во восок. Тие биле полесни за носење, за ракување и за криење, но исто така ја имале предноста на бришење на напишаното со тоа што восокот можел да се истопи и повторно од него да се направи восочна табличка за пишување. Ова било значаен фактор за употреба на овој формат во школите како и при водење белешки.
После падот на Римското Царство во 5 век, станало тешко да се набави папирус, заради намалените контакти со Египет, па така пергаментот станал главен материјал на кој се пишувал. Пергаментот се изработувал со преработка на тенки кожи, најчесто од млади животни: кози, овци, телиња, магариња, па и змии. Процесот на правење на книга бил долг и макотрпен. Најпрвин се подготвувал пергаментот, потоа се подготвувале страниците, па се препишувал текстот. Препишувачот оставал празни места за илустрациите и за големите црвени букви со кои започнувале поглавјата. На крајот книгата се поврзувала. Биле користени неколку видови на мастило. Текстот бил пишуван во темно кафеава или црна боја, а се користела црвената и златната боја за украсување на текстот. За илустрациите понекогаш се користеле повеќе бои. Понекогаш пергаментот се обојувал во темно виолетова боја, а текстот бил пишуван со сребрена или златна боја. Арапите го развиле производството на книгите во нивната златна ера. Тие биле први кои произвеле книга од хартија, откако го научиле правењето на хартијата од Кинезите во 8 век. Денешните книги се печатат на хартија која е специјално изработена за производство на печатени книги. По традиција, хартијата е бела за да може лесно да се чита, и е непроѕирна за да не се гледа текстот отпечатен од другата страница. Драги читатели се надевам дека мојата статија ви се допдна и дека сега уште повеќе ќе ја вреднувате книгата и вистински ќе уживате во времето поминато меѓу омилените страници. И за крај секогаш имајте на ум Не можеш да отвориш книга, а да не научиш нешто“.