Крисни линкови за република и календар
Posted by
Silvy
on Monday, December 22, 2014
/
Comments: (0)
Римска република линкови:
http://www.ushistory.org/civ/6a.asp
http://www.princeton.edu/~achaney/tmve/wiki100k/docs/Roman_Republic.html
Римски календар линкови:
http://www.dalisteznaele.com.mk/index.php/astronomija/84-2008-09-07-22-33-05.html
http://static.astronomija.co.rs/kalendar/knjiga/kalendari/ranirimski.htm
Подготовка за првата писмена работа
Posted by
Silvy
on Tuesday, December 16, 2014
/
Comments: (0)
Подготовка
за првата писмена работа по Латински
јазик
1.Акцентирај
ги зборовите:
librum,albuēlis,effundo,urbānus,sentio,armōrum,cubo,pilus,mensis,gladius.
___/10
___/10
2.Именките
стави ги во следниве падежи:
dat.pl agricola
_____________
gen.sin.femina
_____________
acc.sin.color
_____________
nom.pl.canis
_____________
acc.pl. mare
_____________
___/5
3.Поврзи
ја именката со соодветна придавка:
urbs
brevis
vinum
longa
vita
aeterna
ars
rubrum
___/4
4.Дополни
ги падежните форми кои недостасуваат:
canis,-is
gladius,-ii
N.canis N._______
N.gladius N.gladii
G.______ G.canium
G.______ G.______
D.cani D._______
D.gladio D.______
Acc.canemAcc._______
Acc._______ Acc.gladios
V._______V.canes
V._________ V.gladii
Abl.cane
Abl.canibus Abl.gladio Abl.gladiis
___/10
5.Направи
инфинитив од следниве глаголи:
amo,1
_______________________
sedeo,2
_______________________
ago,3
_______________________
dormio,4______________________
___/4
6.Измени
го глаголот во презент и во заповеден
начин:
dormio,4
sin.
pl. заповеден
начин:
1._________
1.__________ 2.sin.______________
2._________
2.__________ 2.pl.
______________
3._________
3.__________
___/8
7.Потцртај го
подметот во речениците:
*Bonus
discipulus magistro carus est.
*Fortuna vitam regit.
*Iulia historiam Romae
antiquae amat.
*Gaius
Iulius oppidum occupat.
___/4
8.Одговори
на прашањата:
*Во која група
на јазици припаѓа латинскиот јазик?
_________________________________________________
*Кој Картагински
водач уаспеал да стигне до портите на
Рим?
_________________________________________________
*Кој го основал
градот Рим?
_________________________________________________
____/5
9.Преведи ги
поговорките?
/
___/9
10.Преведи ги
следниве реченици:
*Honores
mutant mores.
______________________________________
*Bonum animum habe!
______________________________________
*Historia est lux
veritatis.
______________________________________
___/10
Јавниот живот во стариот Рим
Posted by
Silvy
on Thursday, March 20, 2014
Labels:
јавниот живот,
почетно
/
Comments: (0)
Јавниот(општествениот) живот во стариот Рим се одвивал на неколку места како: Форумот(Forum Romanum), објектите на државните институции како: Куријата(Curia), Регијата(Regia) и храмовите.
Форум е латински израз за плоштад или уште како што го нарекувале старите римјани Forum Magnum или само Forum,бил место на кое се одвивал политичкиот, правниот, стопанскиот, културниот и религиозниот живот на стариот Рим. Тоа е централното место околу кое стариот Рим се развивал. На местото на Форумот имало мочуриште,некаде околу 6 век п.н.е. тоа мочуриште било исушено и почнало околното место да се населува, подоцна се изградиле два храма на едниот на старото божество Сатурн и другиот на Кастор(митолошка личност,еден од Диоскурите, братот на Полукс). Според легендата римскиот диктатор ветил дека ќе изгради храм на Диоскурите ако победат римјаните , подоцна Кастор и Полукс се појавиле во битката на езерото Регилиј(Lacus Regilius) и како што вели легендата римјаните победиле. Така бил и изграден храмот на Кастор како ветување поради победата. Овие митолошки ликови до Рим допреле преку грчкото влијание во јужна Италија, Magna Graeca.
Освен овие имало и многу други храмови и други државни згради. Од храмовите: храмот на Ромул, на Сатурн, на Венера и Рим , на Слогата(Concordia), на божицата Веста, на Антониј и Фаустина и многу други. Тука поминувал Светиот пат(Via Sacra), кој бил главната и најшироката улица во стариот Рим започнувал од ридот Капитол преку Форумот до најважните сакрални делови од него завршувал кај Колосеумот.
Тука биле биле изградени Куријата(зградата на сенатот) и Рострата (римска говорница) и со тоа Форумот станува средиште на политичкиот живот во Рим. За време на Август бил поплочен со мермер и тогаш блеснува во својот полн сјај.За време на Царството сите владетели почнале да градат свои форуми.
Forum Romanum
Куријата уште наречена Курија Хостилија, била зградата каде што заседавал сенатот.Куријата се наоѓала на Форумот.Според преданието била изградена за време на кралот Тул Хостилиј, па затоа и била наречена Хостилија, а тоа првобитно служела како храм. Во не подоцна заседавал сенатот. Во 44 година п.н.е. била возобновена од страна на Јулиј Каесар и била наречена Курија Јулија, биле додадени надворешните декорации а внатре имало седишта за 300 сенатори распоредени на три степени редови. Повторно била реконструирана за време на Диоклетијан.
Сенатот бил главно управувачко тело за време на Римската република,бидејќи ги контролирал јавните финансии и надворешната политика и расправал за внатерешните политички проблеми кои ги доставувал до советите.
Куријата
Храмовите биле едни од најубавите и највпечатливите градби во антиката, преку нив се одсликувала римската грандиозност и репрезантативност во архитектурата. Самиот збор templum кој се пресликал во англискиот збор temple значел како што и самиот Витрувиј нагласува сакрално место а не зграда(градба). Самите сакрални ритуали се одвивале надвор од храмот, а жртвувањата се вршеле на надворешните жртвеници кои што обично ги граделе блиску до храмовите. Внатре во храмот стои, обично на средината на задниот дел од храмот статуа на божеството на кое бил посветен храмот што и го симболизира присуството на тоа божество. Античките народи сметале дека храмот е дом на божеството на кое што е посветен.
Наворешниот изглед римските храмови го наследиле од Етрурците, а преку нив, посредно од Хелените. Храмовите се карактеризирале со преден портик со столбови преку кој се влегува во внатрешноста на храмот, за разлика одХеленските храмови кадешто имаме столбови околу целиот храм и можело да се влегува од сете страни.
Римјаните верувале дека боговите се одговорни за севкупниот живот на земјата и во нивна чест граделе храмови.
внатрешноста на Јупитеровиот храм
Храмот на Јупитер
http://en.wikipedia.org/wiki/Roman_Curia
http://www.roman-empire.net/tours/rome/curia.html
http://www.vroma.org/~forum/tvias.html
http://en.wikipedia.org/wiki/Roman_temple

Храмот на Веста и храмот на Кастор
Линкови:
http://archeoroma.beniculturali.ithttp://en.wikipedia.org/wiki/Roman_Curia
http://www.roman-empire.net/tours/rome/curia.html
http://www.vroma.org/~forum/tvias.html
http://en.wikipedia.org/wiki/Roman_temple
De Minotauro- За Минотаурот
Posted by
Silvy
on Tuesday, February 11, 2014
Labels:
за превод,
неправилна компарација,
почетно
/
Comments: (0)
Minos,rex Cretae plures filios habebat,sed Minotaurus erat turpissimus et pessimus omnium.Minotaurus erat monstrum,corpore humano,capite tauri.Minos cupiebat occultare tale monstrum;ideo Daedalus,optimus Atheniensium artifex Labyrintum aedificat.Labyrintus erat aedificium maius ceteri,plurimis faucibus.Minois iussu Athenienses quotannis septem pueros et puellas in insulam Cretam mittebant.Minotaurus miseros necebat et devorabat.
Vocabula:
turpis,-e=грд,-а,-о
humanus,-a,-um=човечки,-ка,-ко
caput,-itis=глава
taurus,-i=бик
occulto,1= крие
talis,-e=таков,-ва,-во
ideo=затоа
artifex,-cis= архитект
aedifico,1=гради
ceteri,-ae,-a=останати
fauces,-ium=тесни патеки
iussus,-us=заповед
quotannis=секоја година
septem=седум
insula,-ae=остров
neco,1=убива
devoro,1=изедува
Римски патишта
Posted by
Silvy
on Thursday, January 30, 2014
/
Comments: (0)
Во стариот Рим имало огромна потреба од патишта посебно во време на Републиката и Царството.Движењето на војската при освојувањата и трговските размени наметнале потреба да се изградат патишта таму каде што немало.Некои римски патишта постојат и денес Via Apia во Помпеи,Италија, други пак се пример за денешните меѓународни патишта како Via Axia во Македонија(Вардарскиот пат =паралелно со него е изградена магистралата E75).
Според Gnaeus Domitius Annius Ulpianus имало повеќе видови на патишта:
Покрај патиштата биле поставувани патокази:
Патоказ поставен крај Via Egnatia
Мапи и карти постоеле во тоа време во некои библиотеки,но тие не биле од јавен карактер(не биле достапни за јавноста) или едноставно тешко било да се копираат.Патниците се воделе по Itinerarium-от,кој што всушност претставува листа на градови и помали места и одалеченоста помеѓу нив.
Превозни сретства биле кочиите.Има повеќе видови на кочии,најпознати се карус и карпентум,кои се именувале по бројот на коњите кои ја влечеле кочијата:biga,triga,quadriga.
carrus :
carpentum:

- Viae publicae, consulares, praetoriae или militares( т.н.јавни патишта или воени)
- Viae privatae, rusticae, glareae или agrariae(т.н. приватни)
- Viae vicinales( патишта кои поврзувале области,села,селски, или раскрсници)
Покрај патиштата биле поставувани патокази:
Патоказ поставен крај Via Egnatia
Мапи и карти постоеле во тоа време во некои библиотеки,но тие не биле од јавен карактер(не биле достапни за јавноста) или едноставно тешко било да се копираат.Патниците се воделе по Itinerarium-от,кој што всушност претставува листа на градови и помали места и одалеченоста помеѓу нив.
Превозни сретства биле кочиите.Има повеќе видови на кочии,најпознати се карус и карпентум,кои се именувале по бројот на коњите кои ја влечеле кочијата:biga,triga,quadriga.
carrus :
carpentum:
Вежби од супин,активна перифрастична конјугација и апсолутен аблатив
Posted by
Silvy
on Monday, January 27, 2014
Labels:
ак.перифрастична конјугација,
вежби,
продолжително изучување,
супин
/
Comments: (0)
28.1.2014