Во стариот Рим имало огромна потреба од патишта посебно во време на Републиката и Царството.Движењето на војската при освојувањата и трговските размени наметнале потреба да се изградат патишта таму каде што немало.Некои римски патишта постојат и денес Via Apia во Помпеи,Италија, други пак се пример за денешните меѓународни патишта како Via Axia во Македонија(Вардарскиот пат =паралелно со него е изградена магистралата E75).
Според
Gnaeus Domitius Annius Ulpianus имало повеќе видови на патишта:
- Viae publicae, consulares, praetoriae или militares( т.н.јавни патишта или воени)
- Viae privatae, rusticae, glareae или agrariae(т.н. приватни)
- Viae vicinales( патишта кои поврзувале области,села,селски, или раскрсници)
Римските патишта биле градени според определени норми нивната широчина варирала во зависност од намената на патот.Патиштата се граделе на следниот начин,погледни ја сликата: првин се подготвувало земјиштето,па се посипувало со крупни камења,потоа со ситни камења(шљунак) и потоа се ставал оној завршен слој од фино обработени мазни,големи камени плочи (калдрма).Иако денес римските патишта,по две илјади години изгледаат многу нерамни,вдлабнати,сепак тогаш биле рамни,прецизно изработени да бидат отпорни на дожд,снег,лед.
Покрај патиштата биле поставувани патокази:
Патоказ поставен крај Via Egnatia
Мапи и карти постоеле во тоа време во некои библиотеки,но тие не биле од јавен карактер(не биле достапни за јавноста) или едноставно тешко било да се копираат
.Патниците се воделе по Itinerarium-от,кој што всушност претставува листа на градови и помали места и одалеченоста помеѓу нив.
Превозни сретства биле кочиите.Има повеќе видови на кочии,најпознати се карус и карпентум,кои се именувале по бројот на коњите кои ја влечеле кочијата:biga,triga,quadriga.
carrus :
carpentum: