Форум е латински израз за плоштад или уште како што го нарекувале старите римјани Forum Magnum или само Forum,бил место на кое се одвивал политичкиот, правниот, стопанскиот, културниот и религиозниот живот на стариот Рим. Тоа е централното место околу кое стариот Рим се развивал. На местото на Форумот имало мочуриште,некаде околу 6 век п.н.е. тоа мочуриште било исушено и почнало околното место да се населува, подоцна се изградиле два храма на едниот на старото божество Сатурн и другиот на Кастор(митолошка личност,еден од Диоскурите, братот на Полукс). Според легендата римскиот диктатор ветил дека ќе изгради храм на Диоскурите ако победат римјаните , подоцна Кастор и Полукс се појавиле во битката на езерото Регилиј(Lacus Regilius) и како што вели легендата римјаните победиле. Така бил и изграден храмот на Кастор како ветување поради победата. Овие митолошки ликови до Рим допреле преку грчкото влијание во јужна Италија, Magna Graeca.
Освен овие имало и многу други храмови и други државни згради. Од храмовите: храмот на Ромул, на Сатурн, на Венера и Рим , на Слогата(Concordia), на божицата Веста, на Антониј и Фаустина и многу други. Тука поминувал Светиот пат(Via Sacra), кој бил главната и најшироката улица во стариот Рим започнувал од ридот Капитол преку Форумот до најважните сакрални делови од него завршувал кај Колосеумот.
Тука биле биле изградени Куријата(зградата на сенатот) и Рострата (римска говорница) и со тоа Форумот станува средиште на политичкиот живот во Рим. За време на Август бил поплочен со мермер и тогаш блеснува во својот полн сјај.За време на Царството сите владетели почнале да градат свои форуми.
Куријата уште наречена Курија Хостилија, била зградата каде што заседавал сенатот.Куријата се наоѓала на Форумот.Според преданието била изградена за време на кралот Тул Хостилиј, па затоа и била наречена Хостилија, а тоа првобитно служела како храм. Во не подоцна заседавал сенатот. Во 44 година п.н.е. била возобновена од страна на Јулиј Каесар и била наречена Курија Јулија, биле додадени надворешните декорации а внатре имало седишта за 300 сенатори распоредени на три степени редови. Повторно била реконструирана за време на Диоклетијан.
Сенатот бил главно управувачко тело за време на Римската република,бидејќи ги контролирал јавните финансии и надворешната политика и расправал за внатерешните политички проблеми кои ги доставувал до советите.
Куријата
Храмовите биле едни од најубавите и највпечатливите градби во антиката, преку нив се одсликувала римската грандиозност и репрезантативност во архитектурата. Самиот збор templum кој се пресликал во англискиот збор temple значел како што и самиот Витрувиј нагласува сакрално место а не зграда(градба). Самите сакрални ритуали се одвивале надвор од храмот, а жртвувањата се вршеле на надворешните жртвеници кои што обично ги граделе блиску до храмовите. Внатре во храмот стои, обично на средината на задниот дел од храмот статуа на божеството на кое бил посветен храмот што и го симболизира присуството на тоа божество. Античките народи сметале дека храмот е дом на божеството на кое што е посветен.
Наворешниот изглед римските храмови го наследиле од Етрурците, а преку нив, посредно од Хелените. Храмовите се карактеризирале со преден портик со столбови преку кој се влегува во внатрешноста на храмот, за разлика одХеленските храмови кадешто имаме столбови околу целиот храм и можело да се влегува од сете страни.
Римјаните верувале дека боговите се одговорни за севкупниот живот на земјата и во нивна чест граделе храмови.
внатрешноста на Јупитеровиот храм
Храмот на Јупитер
Храмот на Веста и храмот на Кастор
Линкови:
http://archeoroma.beniculturali.ithttp://en.wikipedia.org/wiki/Roman_Curia
http://www.roman-empire.net/tours/rome/curia.html
http://www.vroma.org/~forum/tvias.html
http://en.wikipedia.org/wiki/Roman_temple