Грчка деклинација

 Кога се помешале двете култури хеленската и римската дошло до мешање и на јазиците така настанала грчката деклинација.

По оваа деклинација се менуваат именки кои се од грчко потекло но се користат во латинскиот јазик. Овие именки најмногу се користат во медицината посебно затоа што Римјаните ја развиле својата медицинска наука под влијание на хеленската медицина.

Овие именки иако се менуваат по прва, втора и трета деклинација задржале некои падежни наставки од грчкиот јазик.

По I деклинација именки кои завршуваат на -e, а се од женски род и на -es кои се од машки род

eg. systole,-es (стегање)

      Aloe,-es

      diabetes,-ae

      psoas,-ae (појасен мускул)

     rhoeas, -ae(булка)

По II деклинација именки од среден род на -on  и од машки род кои завршуваат на -eus -ei

eg. pharmacon,-i (лек)

      sceleton,-i

      colon, -i(дебело црево)

     epistropheus,-i (вратен пршлен)

      

По III деклинација се менуваат именки од среден род кои што завршуваат на -ma G.-atis

-er,-eris или на -is,-is од женски род

eg. asthma,-atis

      dosis,-is

      ureter,-eris (мочен канал)

Именките на -ma,-atis во датив имаат завршеток на -is наместо -ibus.

Именките на -er,-eris правилно се менуваат по трета.