Конјуктивот е начин кај глаголите со кој се искажува желба, двоумење, сомневање, забрана или строга заповед.
Да се потсетиме кои се времињата од презентска основа и на личните наставки!
Конјунктив на презентот активен
Конјунктивот на презентот активен се образува од презентаската основа со додавање на -а пред наставките. Кај глаголите од прва конјугација се додава -е пред наставките.
sano,1 sanare sana- sane-
1.sanem(да лечам) 1.sanemus(да лечиме)
2.sanes(да лечиш) 2.sanetis(да лечите)
3.sanet(да лечи) 3.sanent(да лечат)
Бидејќи со овој начин се искажува нереално дејство, т.е желба, сомнеж се преведува со да, ех да ..., камо среќа да, би можел/-ла и сл.
Обиди се да направиш конјуктив од глаголите lego,3 и audio,4.
Конјунктив на имперфектот активен
Конјунктивот на имперфектот се образува од инфинитивот на глаголите и личните наставки.
sedeo,2 sedere
1.sederem(да седев) 1.sederemus(да седевме)
2.sederes(да седеше) 2.sederetis(да седевте)
3.sederet(да седеше) 3.sederent(да седеа)
Обиди се да направиш конјунктив од глаголите аgо,3 и sentio,4.
Eg.
1.Gaudeamus igitur iuvenes dum sumus.
2.Vivat academia vivant professores!
3.Utinam populus Romanus unam cervicem haberet.
4.Utinam mater meus viveret.
Да повториме бидејќи:
Repetitio est mater studiorum.
0 comments:
Post a Comment